Рекламен материјал

    Дистрибуцијата на рекламен материјал е одлично средство за рекламирање на Вашите производи и услуги, промоција на специјални понуди и сезонски попусти.
    Нашата професионална услуга е само почеток на Вашата успешна маркетинг кампања.
    Ќе добиете поддршка од тим кој има искуство повеќе од 7 години во оваа област и докажан успех.
Вршиме достава на сите типови на рекламен материјал:
  • флаери
  • ваучери
  • списанија
  • каталози
  • весници
  • картички итн.
Ние Ви нудиме:
    • Планирање и предлози – предлагаме област и улици каде доставата на рекламниот материјал би била најуспешна, врз основа на претходна анализа.
    • Достава – нашите доставувачи на рекламен материјал се со долгогодишно искуство во оваа дејност. Тие се обучени како правилно се доставува рекламниот материјал во поштенските сандачиња. Моментално имаме 32 канцеларии во различни градови низ земјава, во кои е вработен локален персонал кој е одлично запознаен со теренот на кој треба да се врши доставата.
    • Контрола – нашите доставувачи се обезбедени со GPS уреди преку кои може да се следи доставата. Исто така, тие се набљудувани од страна на нашите контролори на терен кои проверуваат улици по случаен избор за да се осигураме дека рекламниот материјал е доставен.
    • Извештаи – обезбедуваме дневни извештаи и информации од терен во моментот на достава и детални извештаи по завршувањето на кампањата за достава. Обезбедуваме и слики во крајните извештаи како доказ за доставата.
            Доколку не сте во можност да го доставите рекламниот материјал до нашата канцеларија (централа), ние можеме да се погрижиме за тоа и дел од тимот за достава да дојде и да го подигне материјалот од саканата локација.
            Доколку имате поголем број на рекламен материјал но немате доволно место за чување, нудиме услуга за складирање во некои од нашите магацини. Повеќе информации за складирање можете да прочитате тука