Посебни Вредности

Одлична услуга

Настојуваме да ви го олесниме процесот на достава. Затоа, ви ги нудиме најдобрите услуги кои се моментално достапни на пазарот. Нема потреба да ги ставите вашите документи во плико, да ги носите во пошта, да ги мерите и сл. Ние ги подигаме вашите документи од вашите канцеларии и ги пакуваме бесплатно. Исто така, ви поднесуваме краен извештај за доставата кој ви го доставуваме во вашата канцеларија веднаш по доставата/обидот за достава. Значи, се што треба да направите е да се опуштите и да ни препуштите да ги подигнеме вашите документи.

Безбедна и сигурна достава

Поради природата на документите кои се доставуваат, обрнувме посебно внимание на сигурноста и безбедноста на нашите услуги. Секоја пратка која ја испраќате ќе биде означена со посебен баркод. Овој баркод ни помага нам и на нотарите во следењето на документот во текот на целиот процес на достава. Исто така, нашите вработени се посебно обучени да работат според нашите строги стандарди за безбедност.

Личен контакт

Услугите не би биле одлични доколку нема личен контакт. Затоа, за секој клинет назначивме лице за контакт од нашата компанија. Овие лични советници ќе ви помагаат со своите професионални совети преку телефон, е-маил или лично во вашите канцеларии. Исто така, можете директно да ја контактирате регионалната канцеларија во врска со специфични прашања поврзани за самиот регион. За да обезбедиме да ги имате сите информации поврзани со достава достапни секое време, секој клиент ќе добие индивидуална картичка со сове корисничко име и лозинка. Со оваа картичка, можете да пристапите до нашиот систем и да ги прегледувате и следите вашите предмети во секое време.