Како да напишете писмо до Дедо Мраз?

Ова прашање многу често го слушаме во пресрет на Нова година и Божиќ. Пишувањето писмо до Дедо Мраз е одличен начин да ги искажете божиќните и новогодишните желби или едноставно само да го поздравите белобрадиот старец!

Како што денот станува се пократок а празниците се ближат има едно прашање кое доста често се поставува, особено од страна на дечињата: Како да напишам писмо до Дедо Мраз? Кога децата бараат помош за пишување на писмото знаеме дека не им треба совет за содржината, бидејќи тие точно знаат што да посакаат, туку се прашуваат за адресата на Дедо Мраз и дали тој ќе го добие нивното писмо.

АДРЕСАТА НА ДЕДО МРАЗ

Не е ни некоја тајна дека Дедо Мраз живее на Северниот пол, во Лапонија, поточно во градот Рованиеми, а неговата работилница и канцеларија работат секој ден во годината.

Еве ја неговата адреса во случај да сакате да му испратите писмо или да го посетите лично.

Santa Claus
Santa Claus’ Main Post Office
Tähtikuja 1
96930 Arctic Circle
Finland

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО ПИСМАТА?

Кога сакате да испратите писмо до Дедо Мраз треба да имате предвид дека е многу зафатен човек. За време на празниците, Дедо Мраз добива многу писма во официјалната пошта на Дедо Мраз во Рованиеми.Замислете околу 30.000 секој ден! Неговите помошници се доста зафатени со сортирање и подготвување на писмата. Тој добива писма со секаква форма и големина и на сите јазици, а ги чита во неговата канцеларија. Дедо Мраз добива писма од дечиња, возрасни, фамилии, училишта, фирми, политичари и познати личности. Неговите најомилени писма се чуваат во Националниот архив на Финска.


Во писмото не заборавајте да му се заблагодарите за подароците од минатата година, поздравете ги ирвасите и неговите помошници и секако напишете која е вашата желба за годината што следи. Доколку сакате да добиете одговор ќе треба да ја напишете и вашата адреса.

Ајде, што чекате, напишете и вие писмо до Дедо Мраз!
Многу среќа со овогодинешните подароци!