Пеперутката наречена Поштар (Heliconius Melpomene)

Heliconius Melpomene или таканаречените пеперутки поштари се тропски пеперутки кои можат да се најдат во Средна и Јужна Америка. Најзастапени се во шумите каде што има цвеќиња. Белизе е дом на многу пеперутки од овој вид. Густите дождовни шуми, местата околу реките и потоците се она во што овие пеперутки уживаат.


Географска распространетост на Heliconius Melpomene со главните групи на бои

Пеперутките поштари имаат многу географски подвидови со различни обележја. Па така, на пример, подвидот што се наоѓа во Белизе е темно кафена скоро црна по боја со широка портокалова лента на предните криља и лента со бледо жолта боја преку задните криља. Портокаловата, жолтата и црната боја на оваа пеперутка се еден вид предупредувачки бои кои им сигнализираат и ги предупредуваат потенцијалните предатори, како на пример птиците, дека е отровна.

Оваа пеперутка се храни најмногу со нектар и полен што го собира од цвеќињата.
Некои пеперутки живеат многу кратко по една до две недели, но не и оваа чиј животен век може да биде и со месеци.

Го добила своето карактеристично име заради дневната рута, која е иста секој од ден, од цвет на цвет, исто како и поштарот на својата рута од поштенското сандаче до поштенското сандаче секој ден.