Општи правила – Враќање на Поштенски пратки

(1) Поштенската пратка ќе биде регистрирана како недоставлива поради причини кои вклучуваат, но не се ограничени на:
(i) ако Примачот не може да се одреди или лоцира;
(ii) ако Примачот е починат или веќе не постои;
(iii) ако Поштенската пратка содржи забранети предмети (погледни Глава 4).

(2) Освен во случаите како што се пропишани во Глава 7.4 и во случај на достава согласно на Законот за парнична постапка, Законот за општа управна постапка или Законот за кривична постапка, Поштенската пратка ќе се смета за недоставлива од причини кои вклучуваат, но не се ограничени на:
(i) доколку Примачот одбие да ја прифати Поштенската пратка;
(ii) доколку Примачот одбие да ја потпише Повратницата или
(iii) доколку Примачот не ја подигне Поштенската пратка од просториите на ДелЦо во предвидениот рок како што е наведено на Известувањето за подигнување на пратки.

(3) По договор со Испраќачот, Поштенските пратки кои не можат да бидат доставени ќе му бидат вратени на Испраќачот на негов трошок (по обична пошта, освен ако Испраќачот изрично не навел друг начин кој подлежи на дополнителен надомест, доколку има). Исто така, Испраќачот е обврзан да му плати и да го обесштети ДелЦо за сите неразумни трошоци (вклучително и услугата за враќање и складирање) кои ги направил ДелЦо во однос на недоставливата Поштенска пратка. Доколку ДелЦо ја врати Поштенската
пратка на Испраќачот, Испраќачот нема право на рефундација на цената платена за Поштенските услуги (дури и ако Поштенската пратка не била успешно доставена како што е предвидено во оваа Глава).

(4) Доколку Испраќачот одбие да ја преземе вратената Поштенска пратка, ДелЦо има право да ја отвори Поштенската пратка и да ја продаде или да се ослободи од нејзината содржина (освен во случај на достава согласно на Законот за парнична постапка, Законот за општа управна постапка или Законот за кривична постапка). Покрај тоа, ДелЦо има право да ги компензира направените трошоци за недоставливата Поштенска пратка со приходот од продажбата на Поштенската пратка. Доколку содржината на недоставливата Поштенска пратка не може да се продаде, ДелЦо има право да ја уништи истата на трошок на Испраќачот.

Oпштите услови  во целост можете да ги превземете тука.