Општи правила – Дополнителни услуги

(1)
Дополнителните услуги врз основа на доплата се даваат на барање на Испраќачот, односно

„Достава на Вредносна пратка“
Испраќачот може да ја наведе вредноста на Поштенската пратка, која треба да биде видлива на Повратницата или искомуницирана најдоцна при Испраќањето. Само во овој случај, ДелЦо ќе биде одговорен за вредноста на Поштенската пратка во случај на загуба, кражба или оштетување, што пак е предмет на дополнителен надомест за осигурување на Поштенската пратка од страна на ДелЦо. ДелЦо се согласува да дава Поштенски услуги за вредносни пратки во висина од максимум 1.000 евра во денарска противвредност по достава (што може да биде пречекорено само по дополнителен договор со Испраќачот);

 „Откуп“
Испраќачот може да нарача Поштенски услуги со  Дополнителна услуга која вклучува наплата на Откупнината во готовина од Примачот од страна на ДелЦо. ДелЦо ја нуди оваа услуга само за подигнување на износ од максимум 1.000 евра во денарска противвредност (која може да биде пречекорено само по дополнителен договор со Испраќачот);

„Курирска услуга“
Испраќачот може да нарача итна Достава кој се изведува за време на викендот и по работните часови;

,,Посебни инструкции за Достава“
Испраќачот може да нарачаодредени услови за Достава на Поштенската пратка, зависно на содржината на Поштенската пратка, односно земајќи во предвид дека содржината е кршлива, течна и не смее да биде свиткана. Оваа Дополнителна услуга е ограничена од рестрикциите предвидени во Главата 4.

(2)
Испраќачот е обврзан изрично да наведе каков вид на Дополнителни услуги сака да нарача, и изрично треба да наведе во писмена форма дека сака да нарача повеќе од една Дополнителна услуга и притоа да ги наведе сите Дополнителни услуги одделно најдоцна во време на Испраќањето (или навреме да го упати лицето/правниот субјект кој ја праќа Поштенската пратка како да го направи тоа).

Oпштите услови  во целост можете да ги превземете тука.