Како јапонците го прават тоа

Чување на ботанички примероци како и други сувенири од патување со овaa уникатна дописна картичка

Дали посетивте некое интересно и инспиративно место ова лето? Дали би сакале да споделите дел од тоа искуство со некого?
Јапонците тоа го решиле со оваа уникатна дописна картичка кој содржи посебен прозорец.

Лист, исечок од новина, цвет, налепница, карта, како дел од едно патување, се споделува со тоа што примерокот се вметнува помеѓу пластичните фолии и се зацврстува. Се додава текст и дописната картичка веднаш се претвора во минијатурен музеј која ќе пренесе приказната од патувањето.

Картичката ја дизајнираше токиската илустраторка Харука Шинџи, која има богато патувачко искуство. Таа израснала во Сеул и Шангај пред да се пресели во Лондон, каде што посетувала колеџ. Откако дипломирала на Кралската академија по уметност се преселила во Токио. Нејзината идеја за разгледницата победи на натпревар за дизајн на хартиени картички, а потоа беше произведена од Фукунда принт чие седиште е во Токио.

Оваа разгледница може да се најде во Spoon & Tamago shop.