Фондација COVID 19 – НИЕ СЕ ГРИЖИМЕ

Бидејќи сме секој ден на терен и во првите редови на секое домаќинство во Македонија, ние ја препознаваме нашата општествена одговорност и колку е важно да соработуваме едни со други сè додека медицината не пронајде соодветен лек за овој подмолен вирус.

Основавме Фондација која исклучиво се стреми кон олеснување на последиците од вирусот COVID 19. Оваа Фондација е посветена кон давање бесплатна поддршка на најранливите ризични групи во нашето општество. Голем број од нашите ценети клиенти и сите наши вработени се приклучија кон оваа поддршка. Заедно помагаме за Македонија да биде безбедна!
Контакт

Доколку сакате да дознаете повеќе за нашите општествени активности посетете ја нашата страница covidfoundation.mk, следете ги нашите редовни известувања на социјалните медиуми Facebook и Instagram или пратете ни порака на info@covidfoundation.mk