Title

Негативното искуство во поглед на доставата има големо влијание врз Вашиот онлајн бизнис. Влијае на Вашиот бренд, имиџ, лојалност на клиентите, а исто така може да ги зголеми и трошоците. Следно нешто на кое треба да се фокусирате доколку имате онлајн продавница е изборот на доверлив партнер за достава. Новите статистики покажуваат дека добро искуство со достава на производи нарачани онлајн е најважно.

Во изминативе неколку месеци работевме истражување и анкетиравме голем број на онлајн купувачи со цел да откриеме што е тоа што нив им е најважно кога купуваат. Денешните потрошувачи избираат од кој да купат врз основа на нивното целосно искуство при купувањето. Најниската цена или најдобриот производ не Ви гарантираат сигурна продажба. Потрошувачите ги истражуваат и споредуваат производите и онлајн продавниците, но исто така тие ги споредуваат и компаниите за достава.

• 88% од анкетираните одговорија дека сакаат да ја следат пратката онлајн.
Не е ни чудно што со новата технологија купувачите бараат постојани информации и потврда дека нината пратка е на пат да биде доставена и сакаат да ја следат пратката 2 до 3 пати откако ќе ја направат нарачката.
Знаевте ли дека DelCo има Track & Trace систем преку кој можете да ги следите сите пратки?

• 52% од анкетираните онлајн купувачи сакаат достава попладне и за време на викенд.
Динамичниот живот и обврските кои луѓето ги имаат во текот на денот налага тие да бараат флексибилност во секој поглед.
Знаевте ли дека DelCo врши достава попладне и во сабота?

• 37% сакаат да платат помалку за достава и да ја подигнат пратката од дадена локација
Пристапните цени се исто така многу важни за клиентите. Некои од нив дури би избрале и лично да ја подигнат пратката со цел да ги намалат трошоците кои треба да ги платат за доставата.
Знаевте ли дека DelCo има 32 канцеларии низ државата и им нуди на Вашите клиенти опција да ја подигнат пратката од некоја од нашите бази и да платат помалку за доставата?

• 92% од анкетираните кажаа дека за нив лицето на онлајн продавницата е компанијата за достава
Знаевте ли дека DelCo има професионален тим со повеќе од 250 љубезни доставувачи кои ги доставуваат вашите пратки со голема грижа и внимание?

• 97% од онлајн купувачите кажаа дека најважна им е добрата комуникација за време на целиот процес на достава.
Онлaјн продавниците треба да обрнат внимание на комуникацијата со клиентите откако нарачката ќе биде направена. Откако купувачите ќе нарачаат единствена грижа им е дали и кога нарачката ќе стигне. Затоа комуникацијата со клиентите додека трае процесот на достава е многу битен дел за се исполнат сите нивни очекувања.
Знаевте ли дека DelCo има сопствен центар за грижа на корисници одговорен за комуникација со клиенти кои имаат направено онлајн нарачки?

• 37% од анкетираните кажаа дека не се одлучиле да купат производ онлајн бидејќи живеат во рурална област
Луѓето кои живеат оддалечени повеќе од 25км од некој поголем град ретко се одлучуваат да направат онлајн нарачка бидејќи не се сигурни дека ќе ја добијат.
Знаевте ли дека DelCo доставува во сите села и градови во државата?

• 96% од купувачите кажаа дека повторно би нарачале од иста онлајн продавница доколку имаат позитивно искуство со доставата

Повеќе од очигледно е дека компаниите за достава играат голема улога во онлајн купувањето.
Знаете ли дали Вашиот партнер за достава ги исполнува очекувањата на Вашите клиенти?

Размислете, можеби има начин како да го подобрите тоа.